27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо Brexit новите британски пасоши ќе бидат произведени во Франција

По Brexit новите британски пасоши ќе бидат произведени во Франција

Новите британски сини пасоши, еден од најпочитуваните симболи на „Brexit“, ќе бидат произведени во земјата членка на Европската унија, Франција. Ова го соопшти денеска Мартин Сатерленд, извршен директор на британската компанија „De La Rue“ која ја произведува сегашната бургундско-црвена верзија на документите, пренесе „Ројтерс“.

Пред референдумот од јуни 2016-та година за излегување на Велика Британија од ЕУ некои приврзаници на „Brexit“ повикаа за враќање на сино-златните британски пасоши кои се издаваа од 1920-та година до 1988-ма година.

Фактички во моментов бургундско-црвена верзија се произведува во Северна Англија од „De La Rue“, чиј шеф соопшти дека компанијата го изгубила тендерот за новите пасоши поради ниските цени, предложени од конкуренцијата.

„Би сакал да ги поканам (премиерата) Тереза ​​Меј и (министерката за внатрешни работи) Амбер Руд да дојдат во фабриката и да им објаснат на моите посветени мојот работници зошто според нив е мудро решение производството на еден британски симбол да биде изнесен во странство“, изјави Сатерленд.

Постојниот договор, кој истекува во јули 2019-та година, е во вредност од 400 милиони фунти (566 милиони. Долари) и компанијата наведува дека одлуката на Владата нема да влијае врз нејзините резултати во тековната и следната финансиска година.

Министерството за внатрешни работи вели дека спровеле праведлив и отворен тендер и на крајот ќе им обезбедат на клиентите висок квалитет и безбедност при најдобра цена.

Немало барање пасошите да бидат произведени во Велика Британија, додаде портпаролката на министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП