19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРТ: Кина е подготвена за трговска војна со САД

РТ: Кина е подготвена за трговска војна со САД

Откако Вашингтон ги соопшти своите планови за воведување нови мерки против Пекинг, Кина се подготвува за трговска војна со САД, пренесува „Раша тудеј“. Според информациите, властите бараат поддршка од други нации и светски трговски организации.

Американските медиуми тврдат дека Белата куќа подготвува казнени мерки, вклучувајќи ги и тарифите за кинеската технологија и увозот на телекомуникациски стоки во вредност од 60 милијарди долари, кои ќе бидат објавени утре.

Ова се случува и покрај многу важниот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот Си Џинпинг, по државната посета на поранешниот државен секретар во Пекинг минатата година. Пред две недели, Трамп ги објави тарифите за увоз на челик и алуминиум, што беше удар за ЕУ, Јапонија и Јужна Кореја, како и за Кина.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг, пред два дена нагласи дека двете економски сили треба да разговараат за нивните различности наместо да си наметнуваат санкции.

„Во трговијата, споровите секогаш се решаваат преку консултации, преговори и дијалог. Се надевам дека двете страни ќе се однесуваат рационално, а не емотивно, за да се избегне трговска војна“, рече Кечијанг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП