26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку можни причини поради кои не ве повикале да работите на одредено...

Неколку можни причини поради кои не ве повикале да работите на одредено место

Сте биле одлични на разговорот за работа. Или барем така мислите, но сега откако поминал еден месец дури и повеќе, не сте сигурни. Дали се прашувате зошто не сте добиле понуда за работа?

Мислевте дека барем ќе ве повикаат преку телефон после неколку дена или една недела. Што тргнало наопаку, еве неколку одговори…

1. Премногу/премалку сте зборувале.

2. Сте делувале нервозно и ви недостасувала самодоверба.

3. Вашите основни карактеристики не биле толку изразени.

4. Вашето знаење исто така…

5. Или биле премногу изразени, па сте делувале преквалификувано.

6. Менаџерот се чувствувал загрозено поради вашите одлични квалификации и искуства.

7. Сте биле премногу неодредени и не сте прикажале примери како одговори на прашањата.

8. Не се вклопувате во тимот или компанијата.

9. Премногу сте се вклопувале, можеби сте делувале премногу препотентно.

10. Вашите очекувања во врска со платата биле преголеми.

11. Вашите препораки не се толку пријатни

12. Вашата порака во која се заблагодарувате има грешки.

13. Премногу агресивно сте се надоврзувале

14. Сте доцнеле на разговорот

15. Или можеби не сте биле пријатни со секретарката

16. Не е во врска со вас, туку во врска со нив, бидејќи имале свој интерен кандидат.

17. Го затвориле огласот или го промениле во нешто друго. Или вработувањето е замрзнато.

18. Менаџерот за вработување е на пат па сите одлуки се стопирани.

19. Не сте одговарале за улогата, можеби сте се облекле неформално па на работодавецот сте му личеле на несериозни.

20. Сте го критикувале вашиот поранешен/сегашен работодавец

21. Едноствано не ви било судено

Всушност постојат многу причини поради кои може да не бидете повикани на работа, премотајте го брзо разговорот во глава и сфатете каде сте потфрлиле и подобрете се за следното интервју.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП