17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕден од секои седум жители на Хонг Конг е милионер

Еден од секои седум жители на Хонг Конг е милионер

Минатата година во Хонг Конг имало 1 милион милионери или 15% повеќе од претходната година. Вкупно 68.000 од нив имале најмалку по 10 милиони хонгконгски долари (1,27 американски долари), според истражувањето на „Citibank“.

Според истражувањето милионерите се луѓе со ликвидни средства како депозити, акции во договорни фондови, акции и обврзници во вредност од најмалку 1 милион хонгконгски долари (127.450 долари). Истражувањето е спроведено во периодот септември – ноември 2017-та година, а во него учествувале 4.139 жители на Хонг Конг и 200 лица кои живеат во Кина.

Населението во Хонг Конг во 2017-та година изнесувало 7.36 милиони луѓе.

Растот на бројот на милионери е резултат на порастот на цените на акциите и на имотот во минатата година. Берзанскиот индекс „Hang Seng“ бележи раст од 36% во 2017-та година, додека цените на недвижностите се зголемија за 14%, зголемувајќи го бројот на богатите мажи и жени во Хонг Конг.

„Ако гледаме напред, бројот на милионерите ќе се зголеми во 2018-та година“, вели Лоренс Лам, кој го предводи банкарството на мало во хонгконгската поделба на „Citibank“. „Ставовите на берзата се позитивни, а цените на недвижностите ќе продолжат да растат, дури и во позадина на зголемувањето на каматите“.

Имотот е главен инвестиционен инструмент на милионерите во Кина и Хонг Конг, а околу 70% од нивните средства се во недвижен имот. Милионерите во Хонг Конг имаат во просек по 3,2 имоти, додека оние во Кина – 3,7.

Треба да се напомене дека 1 милион хонгконгски долари (127.450 долари) е за имот кој е далеку од градот. Минатата недела стан со површина од околу 20 м2 во населбата Пок Фу Лам беше продаден по цена од 405.000 хонгконгски долари (51.000 долари) за м2 или вкупно за 7.86 милиони хонгконгски долари (1 милиони долари) , сума која беше рекордна за т.н. микро-апартмани во градот.

Најбогатите луѓе во Хонг Конг, сепак, имаат повеќе имот во странство отколку оние во Кина – 1,3 наспроти 0,7, соодветно.

Акциите и паричните средства се нивни други основни средства. Вкупно 14% од средствата на милионерите во градот се во кеш, а 9% во акции, додека милионерите во Кина имаат 12% од своите средства во кеш и 7% во акции.

Сепак, изворите на нивното богатство се различни. Милионерите од Хонг Конг велат дека 55% од нивните пари се генерирани од плати, додека 55% од оние во Кина ги имаат акумулирано од сопствен бизнис. Останатите средства доаѓаат од инвестиции и наследство од родителите.

Околу 71 отсто од кинеските милионери имаат свои бизниси, додека стапката на милионери во Хонг Конг е само 21.

Според Лам, 17% од милионерите во Хонг Конг планираат да емигрираат во други земји, во споредба со 26% од континентална Кина, а Австралија е најпосакуваната дестинација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП