24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп денес ќе објави санкции против Кина

Трамп денес ќе објави санкции против Кина

Американскиот претседател денеска треба да објави санкции против Кина откако неговата администрација утврдила дека Пекинг поттикнувал кражба и трансфер на интелектуална сопственост од американските бизниси, објави Би-би-си.

Белата куќа соопшти дека потегот следи по неколкугодишни разговори за прашањето, кое не успеало да произведе промени, а се очекува дека да бидат вклучени тарифи, како и други мерки. Плановите за санкции предизвикаа страв од поширока трговска војна.

Белата куќа, како што пренесуваат американските медиуми, размислува да воведе тарифи од 30 до 60 милијарди долари, како и мерки што ќе ги ограничат инвестициите. Трговски претставници велат дека САД, исто така, би можеле да поднесат и жалби до Светската трговска организација.

Американскиот главен трговски преговарач, Роберт Лајтизер, нагласи дека САД сакаат да постигнат максимален притисок врз Кина и минимален притисок врз американските потрошувачи. Тој порача дека заштитата на интелектуалната сопственост е од клучно значење за економијата на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП