9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВоведена забрана за движење на камиони на неколку патни правци

Воведена забрана за движење на камиони на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Снег врне кај Страцин, на Маврово, Стража, Буково, Ѓавато, Попова Шапка, Пресека и во Смојмирово.

Од 5:30 часот утрово на магистралниот пат Гостивар-Кичево, преку планинскиот превој Стража, во двата правци е воведена забрана за движење на камиони. Иста ваква забрана од 6:20 часот е воведена и на регионалниот пат Дебар-Маврово и обратно, поради обилни врнежи од снег.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП