6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ покрај кризата, бројот на милионери расте

И покрај кризата, бројот на милионери расте

I

И покрај кризата, жителите на Европа се се побогати и бројот на милионери расте. Меѓутоа, овој тренд е забележлив само кај оние што веќе се меѓу „добро ситуираните“, објави „Дојче веле“.

Според резултатите од истражувањето на „Global Wealth“, кое го спроведе консултантската куќа „Boston Consulting“ кризата за одреден број поединци веќе е минато, па така имотот на граѓаните на Западна Европа е зголемен за 5,2 проценти и сега изнесува 35,8 билиони долари.

Меѓутоа, тоа не значи дека сите граѓани на најбогатиот дел од Стариот континент одеднаш станале богати, бидејќи статистичките податоци ги подигнуваат само оние што и досега биле во сферата каде што постојат милионите.

„Порастот на богатствата се поврзува со оживување на пазарите на акции“ – изјави економистот Даниел Kеслер, кој учествувал во изработката на истражувањето.

Според неговото мислење, уште во 2011 година пазарите биле погодени од глобалната, а особено од кризата во еврозоната.

Закрепнувањето во 2012 година значително придонело за зголемување на богатството на инвеститорите, а тоа предизвикало раст на бројот на милионерите и тоа не само во Европа туку и во останатиот дел од светот.

На листата според бројот на милионери водат САД со 5,9 милиони, потоа следи Јапонија со 1,5 милион милионери и Kина со 1,3 милион милионери.

Во Европа на прво место се наоѓа Велика Британија со 509.000 милионери, зад неа е Германија која има 362.000 милионера, што е за 30.000 повеќе отколку во 2011 година.

Меѓутоа, иако изгледа дека пазарите во Европа се опоравуваат од бројните шокови преживеани во последните години, Стариот континент во споредба со растечките економии, особено оние во азиско-пацифичкиот регион, полека, но сигурно ја губи трката.

„На глобално ниво, приватната сопственост е зголемена за 7,8 проценти, каде главни двигатели се земјите од Азија и Пацификот, и тоа во доглена иднина нема да се промени“, смета Федерико Бургони од „Boston Consulting“

До 2017 година овој регион на чело со Кина, во однос на ова прашање ќе го надмине и регионот на Северна Америка.

Брзината со која расте азиско-пацифичкиот регион ги изненадува и самите експрети, бидејќи досегашниот раст на богатството во тој дел од светот изнесува 13,8 проценти.

„Тотално е јасно дека се наоѓаме во свет со две брзини. Новиот свет расте неспоредливо побрзо од стариот“, соопшти Кеслер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП