Европската комисија предложи прописи според кои дигиталните компании, како „Google“, „Facebook“ и „Amazon“, ќе плаќаат поправеден данок.
Според планот на Комисијата, компаниите со значителни дигитални приходи во Европа ќе плаќаат данок од 3 проценти на обртот остварен по основа на различни онлајн услуги во ЕУ, што, како што се очекува, би требало да им донесе на членките на Унијата дополнителни пет милијарди евра приходи, пренесува Ројтерс.
Доколку парламентарците и членките на ЕУ го поддржат овој план, данокот ќе се применува на големите компании со годишни глобални приходи кои надминуваат 750 милиони евра и со приходи во ЕУ повисоки од 50 милиони евра.