2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД ја зголеми каматната стапка

ФЕД ја зголеми каматната стапка

Американските Федерални резерви (ФЕД) ја зголемија референтната каматна стапка за четвртина процентен поен и одлучија оваа година да постојат вкупно три зголемувања.

ФЕД ја зголеми референтната каматна стапка на ниво меѓу 1,5 на 1,75 проценти.

ФЕД наведува и дека продолжува да го намалува своето портфолио на обврзници.

Официјалните претставници на централната банка на САД најавија брзо зголемување на референтната камата, наведувајќи го како причина подобрувањето на економските политики, пренесува Блумберг.

„Економските изгледи се подобрени во последните месеци“, се наведува во соопштението по состаноците.

Федералните резерви очекуваат дека невработеноста ќе падне на 3,6 проценти до крјаот на следната година, додека во декември се предвидуваше дека ќе биде на 3,9 проценти. Сега е на 4,1 проценти.

Со побрз раст и помала невработеност, официјалните претставници на ФЕД очекуваат дека основната инфлација, не сметајки ги храната и енергијата, ќе порасне на 2,1 проценти во 2019 и 2020 година, што е малку над целните два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП