20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и ЕУ бараат прифатливо решение во врска со царината

САД и ЕУ бараат прифатливо решение во врска со царината

Вашингтон и Брисел најавија дека настојуваат да најдат во најкус можен рок прифатливо решение за двете страни во врска со прашањето за царините врз челикот и алуминиумот.

Ова се вели во заедничкото соопштение на американскиот министер за трговија Вилбур Рос и еврокомесарот за трговијата Сесилија Малмстром, цитирано од француските медиуми.

„Се согласивме да започнеме веднаш процес на преговори со претседателот Трамп и администрацијата на Трамп за трговските прашања, кои ги вклучуваат челикот и алуминиумот, за да се најде взаемно прифатливо решение што е можно побрзо“, се вели во пораката.

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави на 8-ми март дека ќе наметне давачки од 25 отсто за увоз на челик и 10 проценти за увоз на алуминиум, за да се заштити американското производство и да се гарантира националната безбедност на земјата.

Ова предизвика бран негодувања ширум светот, вклучувајќи ја и Европската унија.

Малмстром пристигна во Вашингтон на разговори со американски официјални претставници, во обид да ја ослободи ЕУ од овие должности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП