29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје и Виена разменија искуства за зонското паркирање и јавниот транспорт

Скопје и Виена разменија искуства за зонското паркирање и јавниот транспорт

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, во рамките на работната посета во Виена денеска оставри средби со градоначалникот и претседател на Покраината Виена, Михаел Хојпл.

На средбата градоначалниците дискутираа за развојните визии на новото градско раководство, како и за идеите и праксата што Виена може да му ги пренесе на Скопје на ова поле. Исто така, на средбата беа разменети и искуства за градското зонско паркирање и паркинг-просторот во двата града.

Шилегов во текот на денешниот ден оствари средба и со заменик-градоначалникот на Виена, Марија Василаку, која е одговорна за урбанизам и сообраќај, заштита на животна средина, енергетско планирање и учество на граѓаните во креирање јавни градски политики во Виена. На оваа средба Шилегов и Василаку разговараа за јавниот транспорт и негово ефикасно воспоставување, за проектите на споделување велосипеди, како и за развојот на Скопје во енергетско ефикасен, зелен и паметен град.

Покрај овие две средби, градоначалникот Шилегов се сретна и со раководителот на Туристичкото здружение на Виена, Норберт Кетнер, и пратеникот на покраинското собрание Омер-Ал Рами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП