25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолска ќе бара компензација од Германија за Втората светска војна

Полска ќе бара компензација од Германија за Втората светска војна

Оваа година Полска ќе побара надомест за Втората светска војна, рече министерот за надворешни работи, Јацек Чапутович, во говорот пред парламентот за полско-германските односи.

„Ќе разговараме за потребата да им ги надоместиме на Полјаците загубите претрпени за време на Втората светска војна“, рече тој, цитиран од „Ројтерс“. Министерот за надворешни работи додаде дека ќе се бараат начини на правен, политички и финансиски надомест.

Во почетокот на месецот парламентарна комисија го коментира прашањето за репарации од Германија во врска со Втората светска војна, потсетува „Daily Mail“. Тогаш се појави и очекуваната сума – 850 милијарди долари.

„Зборуваме за огромна, но фер компензација за воените злосторства, уништените градови и села и за изгубениот демографски потенцијал на нашата земја“, коментира Аркадиус Муларчик кој раководи со комисијата, која ја пресметува висината на репарациите. Нејзината работа започна минатата есен.

Муларчик, исто така, истакна дека Варшава никогаш не добил никаков надомест од Германија за Втората светска војна. Германската војска уби шест милиони Полјаци за време на својата шестгодишна окупација на земјата, се сеќава „Daily Mail“.

Правните експерти во германскиот Бундестаг не мислат дека Полска има никаква причина да очекува компензација.

Ова не е прв пат една земја од ЕУ да бара компензација од Германија за Втората светска војна. Во 2015-та година, новоизбраната грчка влада на СИРИЗА соопшти дека очекува повеќе од 270 милијарди евра од Берлин. Тврдењата беа дури и официјално покренати за време на состанокот помеѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел.

Меѓутоа, стариот непријател во војната, Германија денес е еден од најголемите доверители на Атина. Пред малку повеќе од три години односите меѓу Грција и Германија беа многу затегнати околу финансиската криза, но постепено ситуацијата се нормализира, а темата за надоместокот исчезна од дневниот ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП