2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕнрико Лета: Жал ми е за рецесијата

Енрико Лета: Жал ми е за рецесијата

enrikoleta1

Италијанскиот премиер Енрико Лета вчера им се извини на младите Италијанци кои поради рецесијата и рекордната невработеност во таа земја, се принудени да ја напуштат татковината.

Лета изјави дека им се извинува на младите “во име на политичката класа која многу долг период се преправала дека не рабира дека со своите зборови, дела и пропусти дозволила да пропаднат страста, професионалноста и пожртвуваноста“, пренесува агенцијата АПФ.

Во писмото објавено во италијанскиот весник „La Stampa“, Лета наведе дека најголемиот дел од долгот на претходните генерации е направен на штета на младите, со консантно повторување на истите грешки.

Стапката на невработеност во третата по големина економија во еврозоната во април достигна нов рекорд од 12 проценти, покажуваат најновите официјални податоци, пренесува агенцијата АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП