18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрад Скопје објави конкурс за најголем придонес за животната средина

Град Скопје објави конкурс за најголем придонес за животната средина

Во рамките на традиционалната акција „Денови на пролетта – Денови на екологијата“, Градот Скопје денеска распиша јавен конкурс за избор на најеколошка компанија, за најголем придонес во областа на животната средина, за најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција/стопански објект и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта.

За првите две категории предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари.

За четвртата и петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.

Пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица се доставуваат по пошта на адреса: Град Скопје – Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар Илинден бр.82 или во архивата на Градот, како и на телефонските броеви: 02/3297-273 и 3297-304.

Од службата за односи со јавност информираат дека пријавувањето почнува веднаш и трае до 15 мај 2018 година. Разгледувањето на пристигнатите пријави и одбирањето на кандидатите го врши соодветна комисија, која Градот Скопје ја формира од претставници на вработените во секторите на Град Скопје и од невладините организации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП