28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот протекционизам би можел да предизвика раст на швајцарскиот франк

Американскиот протекционизам би можел да предизвика раст на швајцарскиот франк

Швајцарската влада предупреди дека американскиот протекционизам би можел да предизвика раст на швајцарската извозно ориентирана економија и зајакнување на франкот.

Швајцарското Министерство за економија (SECO) ги зголеми макроекономските проценки, па сега очекува бруто домашниот производ (БДП) да порасне за 2,4%, а во следните две години за 2%.

Министерството порача дека слабеењето на франкот во однос на еврото може да се промени доколку се обноват тензиите на финансискиот пазар, со што се нанесува директна штета кај швајцарските извозници.

„SECO“ проценува дека краткорочните позитивни и негативни ризици за глобалната економија се избалансирани.

,,Глобалниот раст би можел да потрае подолго од очекуваното, а франкот би можел дополнително да ослабне во случај на продолжување на периодот на меѓународните економски услови, со што  дополнително ќе има и зајакнување на швајцарската економија”, порачуваат од министерството.

Меѓутоа, исто така тие предупредуваат ,,протекционистичките мерки неодамна објавени од страна на САД претставуваат негативен ризик за глобалната економија“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на самиот почеток од неговото владеење воведе давачки за увоз на соларни панели и машини за перење облека, а неодамна и на челик и алуминиум, со што ги зајакнува ризиците од контра-мерки од страна на поединечни држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП