29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсмани: Да се искористат сите механизми за апсорпција на средствата од ИПА

Османи: Да се искористат сите механизми за апсорпција на средствата од ИПА

Во Клубот на пратениците се одржа првиот состанок на Секторскиот мониторинг комитет за конкурентност, иновации и земјоделство со кој претседаваа вицепремиерот во Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога Национален ИПА координатор и шефот на одделот за соработка при Делегацијата на Европската унија, Никола Бертолини.

Османи го поздрави воспоставувањето на Секторскиот мониторинг комитет и истакна дека првите резултати за користење на ИПА 2 ќе произлезат токму од користењето на трите Акциони програми во овој сектор.

„Треба да ги искористиме сите можности кои ни стојат на располагање за да ја унапредиме апсорпцијата на средствата од ИПА“, истакна вицепремиерот. Тој во оваа насока напомена дека засилениот мониторинг во наредниот период, до крајот на 2018 година, треба да помогне во остварувањето на повисока стапка на апсорпција на средствата алоцирани за овие под сектори.

Инаку, секторскиот мониторинг комитет е воспоставен како ад-хок тело за следење на напредокот во спроведување на Акциските програми за конкурентност и иновации финансирани преку ИПА 2014 и 2016 и Акцискиот документ за земјоделство и безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика финансиран преку ИПА 2015. Целта на овие состаноци е по дискусијата за напредокот на спроведување на програмите, низ дијалог на членовите да се договорат препораки за подобрување на спроведувањето на акциските програми во наредниот период.

Овој тип на состаноци се одржуваат два пати во годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП