18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАKако секоја година да ја зголемувате вашата заработка?

Kако секоја година да ја зголемувате вашата заработка?

Порталот Entrepreneur.com наведува три начини како да ја зголемувате вашата заработка секоја година…

Станете инвестиција, а не трошок

Ако она што го нудите е едноставно и не претставува нешто значајно, на вас ќе гледаат како на дополнителен трошок. Луѓето секогаш размислуваат за цените и речиси сите сфаќаат колку инвестицијата за квалитетниот производ е важна. Поставете се себеси во позиција на купувачите да им носите корист, не само во сегашноста туку и во иднината и во ниту еден случај не смеете да бидете само трошок за нив.

Поставете цени за вредноста, а не за времето

Иако во пракса често се наплатува времето потрошено на проектот или производот, некои проекти и производи бараат поголемо внимание и повеќе време иако на крајот носат иста заработка. Меѓутоа, најважно е колку некој купувач е задоволен со производот кој му го нудите. Ако купувачот започне во вас да ја гледа сопствената инвестиција која му носи приходи или е корисна за него, вие сте на добар пат да станете долгогодишни соработници. Ова може да резултира со позитивен биланс за него и за вас.

Подобра организација е клуч за секое успешно работење (погледнете во сметководствените пресметки)

Многу сопственици на компании се страствени во она што го работат. Имаат мал интерес или време за квалитетно исполнување на формуларите околу сопственото работење. Имено, администрацијата може да ви покаже кога сте остварувале поголем профит, а во кој момент сте започнале да ги губите парите. Исто така, може да ви покаже и каде и на кој начин би можеле да ја зголемите вредноста на вашиот проект или производ. Односно таа ќе ви покаже во кој момент сте работеле најдобро и на кој начин сте го направиле тоа, кој производ или проект постигнал најголем успех и ви донел најмногу пари. Проучете го најдобриот период на работење и повторете го во наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП