3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранкфурт очекува илјадници нови работни места при преместување на банките од Лондон

Франкфурт очекува илјадници нови работни места при преместување на банките од Лондон

Се повеќе лондонски банки се очекува да се одлучат за Франкфурт за своја европска база како дел од плановите по „Brexit“, пишува „The Lokal“. Весникот цитира претставници на германската финансиска индустрија по повод соопштението од Лондон и Брисел за договорот по излегувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ).

Од април се очекува значајно придвижување на банки кон градот, кој се наоѓа на реката Мајна, вели пред „AFP“, Хубертус Вет од компанијата „Frankfurt Main Finance“ која ги консултира банките при слични промени.

Германскиот финансиски регулатор „BaFin“ во моментов обработува над 10 апликации за германски банкарски лиценци, посочува портпаролот на институцијата.

Околу 100 банки се очекува да преместат дел од нивниот бизнис од Лондон, откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ.

Излегувањето од Заедницата најмногу ќе значи губење на т.н. „пасошки права“, кои им овозможуваат на финансиските институции да продаваат без ограничувања (на пример со лиценци) услуги во останатите 27 земји членки. Ова значи дека банките ќе мора да се преселат на континентот и да продолжат со својот бизнис.

Досега, сепак, само околу 40 банки ги објавија своите планови.

Врз основа на досегашната информација, Франкфурт може да отвори околу 5.000 работни места, а главно американски и јапонски банки се очекува да ги преместат своите операции, наведува Асоцијацијата на странските банки во Германија. Таа го рангирана градот на водечка позиција во конкуренција со ривалите на континентот, како Париз, Амстердам, Даблин и Милано.

Германските политичари и банкари се погодени од одлуката на ЕУ да го премести Европскиот банкарски регулатор (ЕВА) од Лондон во Париз, наместо да ја изберат близината на Европската централна банка во Франкфурт.

Париз доби сериозен поттик, вели консултантот Вет, инсистирајќи на тоа дека Франкфурт останува префериран финансиски центар.

Во меѓувреме Здружението на германските банки (BdB) ја повика Европа да положи што е можно повеќе напор за да го избегне ненадејниот „Brexit“ без склучен трговски договор.

Британскиот преговарач Дејвид Дејвис и неговиот колега од ЕУ, Мишел Барние објавија на 19-ти март дека Велика Британија ќе помине низ „транзиционен период“ од речиси две години по датумот на „Brexit“ – 29-ти март 2019-та година, во кој земјата ќе ги искористи сите предности и ќе е во согласност со сите правила на заедничкиот пазар и царинската унија.

Здружението на германските банки, исто така, го поздрави реизборот на Ангела Меркел, а според организацијата новата германска влада е посветена да ги направи Германија и Франкфурт попривлечни за финансискиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП