2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПремиерот ќе се информира за изградбата на делницата Демир Капија-Смоквица

Премиерот ќе се информира за изградбата на делницата Демир Капија-Смоквица

df

Премиерот Никола Груевски, денеска ќе оствари посета и увид на градежните активности на автопатската делница Демир Капија-Смоквица, кои ги изведува компанијата „Актор“.

Изградбата на автопатската делница Демир Капија-Смоквица почна на 8 септември 2012 година и треба да заврши во 2016 година.  Досега  компанијата има пробиено вкупно околу 500 метри од првиот тунел, кој е во должина од 1,2 километри. Градежните работи на овој потег треба да завршат за седум месеци. Вкупната должина на делницата е 28 километри, а со нејзиното градење се комплетира главната оска од Коридорот 10, кој поминува низ Република Македонија и е во целосна должина од 1.451 километар. Коридорот 10 е најзначајната инфраструктурна артерија во нашата земја која не поврзува  со Европа и Солунското пристаниште.

Вкупната инвестиција за изградба на оваа делница е 257 милиони евра од кои 130 милиони се од Европската инвестициска банка, 45 се ИПА гранд од ЕУ, 170 милиони од Европската банка за обнова и развој и шест милиони евра се од Буџетот на Република Македонија.

Демир Капија – Смоквица ќе биде автопатско решение со по две ленти, секоја од нив со ширина од 3,5 метри. Планирано е да бидат изградени два тунела во должина од 1.200 метри, по еден во двата правци, како и шест мостови од кои најголемиот во должина од околу 660 метри, кој воедно ќе биде и најголемиот мост во државата. Предвидени се и две клучки кон населеното место Миравци и Смоквица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП