19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрад Скопје: Пренасочувањето на автобусот со број 50 во ГТЦ е привремено

Град Скопје: Пренасочувањето на автобусот со број 50 во ГТЦ е привремено

Градот Скопје остро ги демантира наводите и дезинформациите објавени на интернет-порталите во кои се тврди дека кратко по враќањето на 50 во ГТЦ оваа постојка повторно е затворена, со што се манипулира јавноста.

„Ве информираме дека пренасочувањето на движењето на автобусот со број 50 е привремено заради изведување градежни работи, односно се врши реконструкција на улицата што минува под ГТЦ. По завршувањето на оваа реконструкција автобусите повторно ќе застануваат на автобуската постојка во подрумот на ГТЦ. Воедно, сакаме да ве потсетиме дека за повторното отворање на оваа постојка не беа потрошени финансиски средства на Град Скопје“, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Од таму порачуваат дека медиумите не треба да ги доведуваат во заблуда корисниците на ЈСП изнесувајќи, како што велат, полувистини и претставувајќи ги привремените сообраќајни режими како постојани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП