20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентар: Над 1,3 милиони евра ќе бидат пренаменети за долгови и капитални...

Центар: Над 1,3 милиони евра ќе бидат пренаменети за долгови и капитални проекти

На барање на Oпштина Центар, Владата ја усвои информацијата за измена и дополнување на намената на одобрени, а неискористени средства од буџетот.

„Во периодот од 2007 до 2013 година како капитални дотации од буџетот на сметката на Општина Центар биле префрлени 3,5 милијарди денари за изградба на фонтани, спомен-обележја, летниковец, колонада, постаменти за споменици и скулптури од проектот ‘Скопје 2014’. Потрошени се 3.463.845.343 денари, а нереализираните средства изнесуваат 83.544.657 денари, кои Општина Центар ќе ги искористи за капитални проекти“, соопштија од Општината.

Со овие пари, велат од таму, ќе се платат доспеаните обврски за изградба на мостови и катна гаража, обврските од судските спорови од времето кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ и ненаменско трошење на средствата.

„Парите ќе бидат пренаменети и за изградба и реконструкција на друга инфраструктура согласно со Програмата за уредување градежно земјиште на општината“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП