25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ќе се случи со руската економија по завршувањето на претседателските избори?

Што ќе се случи со руската економија по завршувањето на претседателските избори?

Во понеделникот Путин ги ублажи тензиите, истакнувајќи дека не посакува трка во вооружувањето и дека ќе направи се што може за да ги реши долгогодишните спорови со другите држави.

По завршувањето на претседателските избори рускиот економски аналитичар Игор Николаев истакнува дека руската економија би можела да стане заложник на желбите за возвраќање на поразот во студената војна.

Николаев се јавува со прашањето ,,Што ќе биде со руската економија по изборите кои што се одржаа во неделата“?

Политичките аналитичари сметаат дека на економијата сепак ќе влијаат многу фактори, од кои најмногу цената на нафтата, санкциите и контрасанкциите, како и структурните реформи доколку ги има во иднина.

Меѓутоа, Николаев додава дека по одржувањето на изборите, Русија е насочена кон обновување на вооружувањето со што студената војна станува реална.

Според службената верзија, Русија се наоѓа во оваа трка поради други, но всушност станува збор за реваншизам поради поразот од страна на СССР во претходната студена војна, смета Николаев.

Се чини дека поразот во студената војна, како историски факт делува неподносливо тешко за прифаќање продолжува аналитичарот. Тој на властите им порачува дека таа војна не ја загуби државата или народот, туку командно-планската економија која се покажа како неспособна за подмирување на воените трошоци.

За оние кои се надеваат на денешната руска економијата, Николаев порачува дека економскиот систем е структурно нереформиран, неефикасен и оптеретен со санкции и контрасанкции.

Економијата станува заложник на неосновани претензии за одмазда во „нова студена војна“. Таквата економија нема да преживее. За ова ќе мора да внимаваме особено по изборите и ако некој по изборите е се уште во таква еуфорија, се очекува истата брзо да спласне, тврди Николаев.

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата го освои четвртиот мандат со убедливи 76,67% од гласовите, со што ја зацврсти својата положба во време на напнати односи со Западот. Во последните 18 години, Путин е единствениот претседател кој го постигна најдобриот резултат на изборите.

Путин средбата во Кремљ со кандидатите кои ги порази на изборите ја искористи за да истакне дека ќе се фокусира на внатрешните, а не на меѓународните прашања и дека ќе се обиде да го подобри стандардот на граѓаните со поголеми инвестиции во образованието, инфраструктурата и здравството, како и намалени сретства за одбрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП