18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ до Вашингтон - тргнете ги таксите за нас или ќе го...

ЕУ до Вашингтон – тргнете ги таксите за нас или ќе го активираме списокот

Комесарката на ЕУ за трговија Сесилија Малмстром изјави дека ЕУ побарале од САД да бидат исклучени од таксите на увозниот челик и алуминиум кои ги воведе Доналд Трамп.

Малстром изјави дека ЕУ би требало да биде исклучена како целина и дека тоа ќе им го пренесе на претставниците на САД на разговорите во Вашингтон.

Таа изјави дека ЕУ е подготвена да го решава проблемот со преголемото производство на челик, за кое вели дека е вистинскиот извор на проблеми во американската и европската индустрија.

Трамп воведе увозни такси од 25 проценти на челикот и 10 проценти на алуминиумот, а овие такси не важат за Канада и Мексико.

ЕУ состави листа со американски производи на кои ќе воведе такси доколку не биде исклучена од мерките за челикот и алуминиумот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП