22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонската берза се вклучи во одбележување на Глобалната недела на парите

Македонската берза се вклучи во одбележување на Глобалната недела на парите

Преку едукативно предавање за функционирањето на Берзанскиот електронски систем  за тргување пред учениците од Средното Економско-правно училиште ,,Васил Антевски -Дрен од Скопје, Македонската берза се вклучи во одбележување на Глобалната недела на парите.

Овој настан е дел од активностите што Координациското тело за финансиска едукација  ги презема како дел од светската недела на пари, која пак е во организација на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади (Child and Youth finance international.). Оваа година Глобалната недела на парите се одбележува од 12 до 18 март.

Целта на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади е да ги поттикне младите да инвестираат во својата иднина, истакнувајќи ја важноста на раната финансиска едукација, со што ќе им помогне да станат свесни за своите финансиски права, ќе им ја олесни пристапноста до финансиските услуги и ќе ги развие нивните финансиски вештини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП