25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар ќе ги отстранува диво поставените летни тераси

Општина Центар ќе ги отстранува диво поставените летни тераси

Општина Центар подготвува заедничка акција заедно со Пазарна инспекција, МВР, овластен градежен инспектор и инспектор за животна средина, подготвува акција за ставање ред во поставување урбана опрема пред угостителските објекти на својата територија.

Од Општината соопштија дека ќе бидат санкционирани сите сопственици кои немаат добиено одобрение за урбана опрема за зимската сезона, а Пазарниот инспектор може и да ги затвори. Овластениот инспектор на Општина Центар ќе санкционира пропусти доколку се работи без одобрение или опремата е поставена на поголема квадратура од дозволеното.

Сопствениците на угостителските објекти кои ќе добијат решенија за отстранување на урбаната опрема за зимскиот период нема да добијат ниту дозвола за поставување летни тераси.

Минатата недела беа испратени покани за угостителите на улица „Ленинова“( Аминта Трети), а во наредниот период вакви покани ќе добијат и сите сопственици. По добиената покана, со одобренија, доколку поседуваат треба да дојдат во Општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП