23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel Crossland X стигна до бројката од 100.000

Opel Crossland X стигна до бројката од 100.000

Новиот субкомпактен кросовер на „Opel“ го доби својот 100.000-ти сопственик во Европа по една година од стартот на продажбата.

„Crossland X“, како прв заеднички проект остварен во соработка со „PSA“ групацијата и компанијата „Opel“, започнат во 2012-та година, дебитираше на саемот за автомобили во Женева во 2017-та, наследувајќи ја „Merivа“ во гамата на германскиот производител.

Овој модел ја дели механичката платформа со „Citroen C3 Aircross“, a двете возила се произведуваат во фабриката во Сарагоса.

„Crossland X“ нуди низа системи за асистенција, како што е предупредување на поспаност на возачот и непосакувано напуштање на лентата за возње, потоа предупредување од ризикот за фронтален удар со детекција на пешаци и автоматско сопирање во случај во краен случај, откривање друго возило во „мртвиот агол“, а тука е и задната камера која покрива 180 степени зад возилото.

Што се однесува до погонот, на располагање е палета на дизел, бензински и „TNG“ мотори, од 1.2-литри до 1.6-литри, со моќ во распон од 55 kW/75 ks дo 96 kW/130 ks, во комбинација со петстепени или шестстепени мануелни и шестстепен автоматски менувач.

За разлика од сличниот по големина – моделот „Opel Mokka X“, кој има погон на сите 4 тркала, „Crossland X“ може да се нарача исклучиво во верзија со преден погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП