26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата на холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн објави банкрот

Компанијата на холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн објави банкрот

Филмската и телевизиска продукциска компанија „The Weinstein Company“, чиј поранешен претседател Харви Вајнштајн беше обвинет за сексуално малтретирање, соопшти дека поднела барање за банкрот.

„The Weinstein Company“ поднела барање за банкрот во суд во државата Делавер, декларирајќи обврски во износ од помеѓу 500 милиони и 1 милијарди долари и средства во иста размер.

Компанијата исто така има склучено договор со поделба на компанијата за деловно инвестирање „Lantern Capital Partners“, при што ќе се здобијат со нејзините средства.

Банкрот доаѓа откако со месеци студиото се обидуваше да најде купувач или инвеститор.

Понудата од „Lantern“ ќе овозможи добивање на поголеми и подобри понуди за време на аукцијата, кој ќе биде контролирана од судот, информира „Ројтерс“.

Пред некое време „Lions Gate Entertainment Corp“ беше подела понуда за дел од имотот на компанијата, како и филмската компанија „Miramax“, која беше основана од Харви Вајнштајн и неговиот брат Боб Вајнштајн. Двете компании може да бидат меѓу понудувачите за време на аукцијата.

Над 70 жени го обвинија коосновачот на компанијата Харви Вајнштајн, кој беше еден од највлијателните мажи во Холивуд, за сексуално малтретирање, вклучувајќи силување. Вајнштајн тврди дека немал секс со некој кој не се согласил.

Од октомври се тврди дека Вајнштајн користи договори за доверливост како тајно оружје со кое не дозволува да го обвинуваат. Компанијата објави дека овие договори повеќе не важат.

Основана во октомври 2005-та година, „The Weinstein Company“ продуцира и дистрибуира успешни филмови, како „Говорот на кралот“ и „Прирачник за оптимиста“, како и голем број на популарни телевизиски емисии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП