7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтудентските домови се под секое достоинство

Студентските домови се под секое достоинство

Во студентскиот дом „Стив Наумов“ често нема топла вода, голем дел од радијаторите не функционираат, а покривот прокиснува на повеќе места.

Хигиената во дворот е на катастрофално ниво, опремата со која работат вработените е стара и нефункционална и има сериозен недостиг од кадар. Студентите особено се жалат на зимскиот период кога условите за престој се под секое човечко достоинство.

Во домот „Кузман Јосифовски Питу“ приоритетна е реконструкцијата на кујната и набавки на нови апарати. Кујната е во лоша состојба, рерните не работат, прокиснува плафонот и има стари апарати кои со години не функционираат, но зафаќаат место. Има недостиг на вработени, а условите во соблекувалните и во работниот простор се многу лоши. Студентите најмногу се незадоволни од квалитетот на храната. Ова се само дел од пробемите кои ги воочиле надлежните при денешнаат посета на студентските домови во Скопје. Директорот на студентските домови во Скопје, Дарио Николовски, ги посети вработените и студентите во домовите „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“, со цел да се запознае одблиску со проблемите со кои тие се соочуваат за да се дефинираат приоритетните активности и реконструкции за оваа година.

„ВМРО-ДПМНЕ целосно ги запоставило овие студентски домови, но работите итно ќе ги менуваме на подобро. Многу брзо ќе излеземе со план и рокови за решавање на најгорливите проблеми. Најпрво е потребно обезбедување основни услови за пристоен престој и работа, а потоа и сериозни реконструкции и потфати за модерно студентско домување. Оваа недела ќе ги посетам сите домови со цел подобро да се запознаам со проблемите за да почнеме со нивно итно решавање“, истакна по посетата Николовски. Тој најави реализација на истражување со студентите кои претстојуваат во домовите, а ги има повеќе 2.200. Целта на новото раководство, како што рече тој, е да го слушне мислењето на студентите и нивните приоритети, а потоа согласно со тоа да се дефинираат приоритетните активности и да се решаваат најважните проблеми. Денеска тој продолжува со посети на домовите „Гоце Делчев“ и „Невена Георгиева Дуња“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП