19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се грчките предлози за новото име на Македонија?

Кои се грчките предлози за новото име на Македонија?

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коцијас ќе пристигне во четврток во Скопје и ќе ги донесе предлозите за новото име на Македонија.

“Република Нова Македонија, Република Северна Македонија, Република Горна Македонија Република Вардарска Македонија Република Македонија (Скопје)”, се имињата по кои Коцијас во четврток ќе преговара со највисоките македонски официјални претставници, според грчките медиуми.

Владите на Скопје и Атина се надеваат дека ќе се реши проблемот со името кој трае повеќе од четврт век, со што ќе се отстрани најголемата пречка за влез на Македонија во НАТО.

Сепак, атмосферата врие од двете страни. Во Македонија и Грција секојдневно се случуваат протести против евентуален договор.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП