28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските земји го повлекуваат златото - Најава за тешки денови?

Европските земји го повлекуваат златото – Најава за тешки денови?

Народната банка на Унгарија врати 100 илјади унци злато од Лондон, наведувајќи го како причина стравот од идните „геополитички кризи“. Меѓутоа, она не е изолиран случај.

Вкупната вредност на 3 тони злато изнесува 130 милиони долари. Според унгарската централна банка, повлекувањето било поттикнато од загриженоста околу „геополитичките кризи“ како и поради фактот дека ситуацијата веќе толку е зовриена што чувањето на злато надвор од земјата едноставно е премногу ризично.

Златото не е само инвестициски производ за централната банка, туку и стратешка алатка која ја зголемува самодовербата на земјата, како во странство така и во домот, се наведува во соопштението на банката.

Но, Унгарија не е единствена земја која ги врати залихите на злато назад во својата држава.

Во август, Германија врати 53.780 златни плочки од Париз, и 940 тони злато од Лондон.

Австриската и холандската централна банка исто така неодамна вратија големи количини на резерви на злато.

Русија тоа го направи пред две години и Централната банка на Русија прифати под своја заштита 3 милиони унци или околу 100 тони злато во вредност од над 3,5 милијарди долари од американскиот банкарски гигант Citigroup.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП