9 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо 2050-та околу 5 милијарди луѓе можеби ќе имаат недостаток на вода

До 2050-та околу 5 милијарди луѓе можеби ќе имаат недостаток на вода

Околу 3,6 милијарди луѓе живеат во области со потенцијален недостиг на вода во најмалку еден месец од годината и нивниот број може да се зголеми до 5,7 милијарди лица до 2050-та година, предупредува УНЕСКО во својот извештај, цитиран од „CNBC“.

Во изданието за 2018-та година на Светскиот извештај за развој на ОН на водните ресурси се вели дека светската побарувачка на вода се зголемува за околу 1% секоја година и ќе „продолжи да расте значително“ во следните 20 години.

Еколошки решенија имаат важна улога како за подобрување на квалитетот на водата и на водоснабдувањето, така и за ублажување на последиците од природните катастрофи, се вели во извештајот.

„Имаме потреба од нови решенија за управување со водните ресурси, за да одговориме на новите предизвици со безбедноста на водата предизвикани од прирастот на населението и климатските промени“, објави во коминике Одри Азуле, генерален директор на УНЕСКО.

„Ако не направиме ништо, до 2050-та година околу пет милијарди луѓе ќе живеат во области со недоволен пристап до вода. Овој извештај нуди еколошки решенија за подобро управување со водите. Ова е сериозна задача која сите ние треба да ја спроведеме заедно одговорно за да ги спречиме конфликтите поврзани со водата“, рече Азуле.

Во извештајот, еколошките решенија се дефинираат како „инспирирани и поддржани од природата“. Тие или користат или имитираат процеси кои се случуваат во природата за да помогнат во подобрувањето на управувањето со водите.

„Во услови на забрзана потрошувачка, постојаното влошување на квалитетот на животната средина и мултилатералните последици од климатските промени очигледно има потреба од нови начини да управува конкурентното побарување на нашите вредни слатководни ресурси“, вели Жилбер Унгбо, претседател на „UN-Water“ и претседател на Меѓународен фонд за развој на земјоделството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП