Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески учествува на конференција посветена на Европскиот мултимодален транспорт, како можност за подобро поврзување, која се оддржува во Софија, Република Бугарија.
Во рамките на конференцијата која се оддржува на министерско ниво, министерот Сугарески ја претстави стратегијата на Република Македонија за развој на мултимодалниот транспорт.
“Имавме можност да видиме различни искуства во земјите од Европа како е спроведен мултимодалниот транспорт. Нашата стратегија во унапредување за овој вид на одвивање на транспортот ја претставив пред колегите министри. Сметам дека сме во вистински правец за олеснување на транспортот во државата преку оваа форма”, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Во рамките на конференцијата, Сугарески оствари средба со Еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц како и билатерални средби со министрите за транспорт од регионот, на кои средби ги потенцира заложбите на Република Македонија за реализација на крупните инфраструктурани проекти за регионално поврзување.