19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ќе го претстави планот за развој во наредните четири години во...

Грција ќе го претстави планот за развој во наредните четири години во април

Владата во Атина подготвува план за развој на Грција во следните четири години, кој ќе го претстави пред кредиторите на земјата во април.

Како што пренесуваат агенциите, планот вклучувал четири главни цели – намалување на даночните стапки во согласност со буџетските цели на земјата, поддршка на мали и средни бизниси и земјоделскиот сектор, промена при управување со фондовите и етапно зголемување на минималната плата со цел стимулирање на побарувачката.

Конечниот текст на овој план треба да биде готов пред состанокот на Еврогрупата на 11 април, на кој треба да биде изработена агендата за средбата на министрите за финансии од еврозоната на 27 април во Софија, прецизираат агенциите.

Новиот план за развој на Грција за периодот 2019-2020 година ќе се базира на макроекономските проекции, утврдени во среднорочниот проект, изгласан од грчкиот парламент во мај 2017 година

Весникот “Та Неа” информира за постоењето на разлики меѓу министерот за финансии Евклид Цакалотос и гувернерот на Централната банка Јанис Стурнарас за тоа како Грција да се развива, откако ќе излезе од спасувачките програми, и дали земјата треба да прибегне кон превентивна кредитна линија.

Првиот грчки банкар предлага да се земе таков заем додека министерот верува дека земјата ќе може да се справи со своите сопствени средства.

Весникот алармира дека владата и централната банка се наоѓаат „во војна“ по ова прашање и засега нема договор меѓу нив по темата за развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП