26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕEucerin колекција за мажи, за крај на иритациите при бричењето!

Eucerin колекција за мажи, за крај на иритациите при бричењето!

Дури 40% од мажите се жалат на проблеми со кожата на лицето, а најчесто од иритации, црвенило, појава на акни или микро исекотини предизвикани при бричењето. Најчеста причина за тоа се машките себацеални жлезди кои продуцираат 30-50% повеќе себум  отколку женските, правејќи ја кожата масна, сјајна и подложна на нечистотии и акни, со повеќе и поголеми пори. Имајќи ги во предвид овие карактеристики истражувачите од Баерсдорф ја создадоа Еуцерин колекцијата за мажи со цел да им помогнат на мажите во негата на лицето, особено при бричењето.

Гелот и пената за бричење лесно се нанесуваат на лицето, кожата одлично ги апсорбира, овозможуваат бричењето да биде многу пријатно а жилетот нежно да поминува низ кожата не предизвикувајќи микро сечења и црвенило. Производите за бричење содржат сребрени молекули кои овозможуваат антибактериски и антииритационен ефект и ја подобруваат еластичноста и хидратацијата на кожата. Балзамот по бричење не ја суши кожата, а истовремено ја зајакнува и регенерира. Овие производи се идеални за лица со осетлива кон проблематична кожа на лицето. Постои одлична толерантност на кожата дури и кај лица кои имаат проблем со атопичен дерматитис и акни. Ефектите се најдобри кога се комбинираат производи од целата колекција.

Колекцијата се состои од гел и пена за бричење, балзам за по бричење, навлажнувачка крема и крема против стареење на кожата. Оваа медицинска козметика е комплетно прилагодена на потребите на машката кожа, клинички е тестирана и дерматолошки докажана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП