19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција очекува од ЕУ уште 3 милијарди евра за мигрантите

Турција очекува од ЕУ уште 3 милијарди евра за мигрантите

Турција очекува од ЕУ целосно да ги спроведе своите ветувања за двегодишниот договор за спречување на нелегалната имиграција во Европа, објавува „Daily Sabah“. Во публикацијата се цитираат зборовите на Реџеп Тајип Ердоган за време на церемонијата за назначување судии и обвинители во Анкара.

Турскиот претседател посочи дека очекува од ЕУ уште 3 милијарди евра и дека ќе го покрене прашањето за време на средбата со европските лидери во Варна, закажана за следната недела.

Неисполнетите европски ветувања, исто така, ги коментира Министерството за европски прашања на „Твитер“. „Очекуваме ЕУ да преземе конкретни мерки за олеснување на визниот режим со Турција и ажурирање на царинската унија“, пишува во соопштението објавено по повод годишнината од потпишувањето на документот.

Турција е главната рута за бегалците од Сирија во Европа од почетокот на непријателствата во земјата на Блискиот Исток.

Како резултат на договорот од 18-ти март 2016-та година „потоците“ од мигрантите кон Европа нагло се намалија, а ЕУ вети дека ќе помага финансиски за грижата, ќе вложува во кампови за бегалци на територијата на Турција.

ЕУ, исто така, вети визна либерализација за турските граѓани, но Анкара мора да исполни листа од 72 услови. Според Брисел, Анкара ги исполни 65-те барања, но останува контроверзното барање за Турција за измени на законот за борба против тероризмот.

Укинувањето на визите за турски државјани мора да биде одобрено од Европскиот парламент и од земјите во заедницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП