7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре без струја делови на Зелениково, Карпош, Шуто Оризари и Ѓорче Петров

Утре без струја делови на Зелениково, Карпош, Шуто Оризари и Ѓорче Петров

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат некои делови од Скопје.

Како што соопштуваат од ЕВН, утре без струја, во периодот од 08:30 до 10:00 часот, ќе бидат корисниците од ул. 5 во с. Зелениково.

Во периодот од 08:00 до 12:00 часот корисниците од ул. Московска бр. 15 во Општина Карпош, а во периодот од 13:00 до 14:00 часот корисниците од делови од улиците Будимпештанска, Хашка, Женевскас, Адолф Циборовски, Осло, Урош Џудовиќ и Јоаким Осоговски, исто така во Опшина Карпош.

Без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот, ќе останат и корисниците од дел од ул. Пелагонија во Општина Шуто Оризари.

И во периодот од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улиците Воин Драшковиќ и Ибе Паликуќа во Општина Ѓорче Петров.)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП