19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо наредните неколку денови постудено со дожд и послаб снег

Во наредните неколку денови постудено со дожд и послаб снег

Времето претпладне ќе биде умерено до значително облачно во планинските делови на исток и особено на запад ќе има услови за краткотраен дожд.

На високите планини ќе врне слаб снег. Во посеверните делови ќе има претежно умерен западен ветер, а во југозападните и јужните делови ветерот повремено ќе се засилува. Попладне облачноста ќе се намали. Температурите ќе се движат од 2 до 6, а максималните од 11 до 19 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно со услови за појава на слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Температурата ќе се движи од 5 до 15 степени.

Во среда повторно ќе има врнежи кои ќе бидат поинтензивни на запад и потоа ќе се прошират кон север. Од ноќта кон четврток ќе има значително заладување поради што врнежите кои од ноќта ќе се прошират од запад кон исток, при тоа ќе поминуваат од врнежи од дожд во врнежи од снег.

Во четврток ноќта и претпладне ќе има појава на замрзнат дожд на патиштата, а преку денот на југоистокот ќе врне дожд. Врнежи со помал интензитет се очекуваат и во петок кога ќе е најстудено, кога ќе провејува и снег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП