Кинескиот технолошки гигант „Alibaba Group Holding“ објави дека ќе инвестира уште 2 милијарди долари во компанијата за електронска трговија во Југоисточна Азија, „Lazada Group“ и ќе стави свој претставник на чело на бизнисот, додека ја засили битката со конкуренти како американската „Amazon“, проширувајќи се активно во регионот, објави „Ројтерс“.
Еден од 18-те основачи на „Alibaba“ – долгогодишниот директор Луси Пенг, ќе стане извршен директор на „Lazada“, заменувајќи го основачот Макс Битнер кој ќе премине во „Alibaba“ како виш советник.
Уделот на „Alibaba“ ќе се зголеми на неименувана бројка од последната инвестиција, изјави портпаролот за „Ројтерс“. Компанијата имаше 83 отсто од акциите во „Lazada“ пред инвестицијата, која сега изнесува 4 милијарди долари по инјектирањето од 2 милијарди долари во текот на изминатите две години.
„Инвестицијата ја нагласува увереноста на „Alibaba“ во идниот успех на бизнисот на „Lazada“ и изгледите за раст на пазарот во Југоисточна Азија – регион кој е клучен дел од глобалната стратегија за раст на „Alibaba““, вели кинеската компанија во соопштението.
Поддржано од огромните приходи и зголемување на цените на акциите на „Alibaba“, новото нејзино финансирање во „Lazada“ го нагласува амбициозниот глобален стремеж за обезбедување на поголем дел од брзото проширување на пазарот за онлајн трговија, во вредност од неколку милијарди долари.
„Alibaba“ работи во повеќе од 200 земји и повеќе од 500 милиони луѓе ги користат нивните купувачки апликации секој месец. Ова и овозможува на „Lazada“ да има поголема корист од ресурсите на онлајн гигантот.
Од 2012-та година, „Lazada“ работи во Индонезија, Малезија, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам.