5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв пат во историјата - со колку нули се пишува долгот на...

Прв пат во историјата – со колку нули се пишува долгот на САД

Националниот долг на САД за прв пат во историјата ја надмина цифрата од 21.000 милијарди долари, покажаа најновите податоци на американското Министерство за финансии.

Во септември минатата година, долгот достигнал 20.000 милијарди долари, додека на 20-ти јануари истата година, кога Донлад Трамп ја презема функцијата претседател, долгот се движеше околу 19,900 милијарди долари.

Американскиот претседател Доналд Трамо тогаш вети дека во рок од осум години ќе го елиминира јавниот долг, а минатиот месец и овозможи на владата неограничено задолжување до 1. март 2019.

Се очекува дека и даночните намалувања, во износ од 1,500 милијарди долари и двегодишниот договор за буџетот кој го усвои Конгресот, ќе придонесат за зголемување на буџетскиот дефицит и јавниот долг на САД, оценуваат економските агенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП