17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкција за пролетно расчистување во Кисела Вода

Акција за пролетно расчистување во Кисела Вода

Акцијата за пролетно расчистување отпочна денеска во Општина Кисела Вода.

Педесетина сезонски работници ангажирани од Општината преку Секторот за месна самоуправа, распоредени во повеќе тимови во нaрeдните неколку дена ќе работат во урбаните заедници Цветан Димов и населбата Драчево.

„Се чисти рачно и со помош на камиони. Каде што има потреба се кастрат и исушените гранки од дрвјата. Доколку дозволат временските услови, сметот ќе се чисти од сите месни и урбани заедници и акцијата ќе трае во наредните две до три седмици. Општина Кисела Вода ја користи оваа прилика уште еднаш да апелира за подигнување на свеста на граѓаните во поглед на правилното одложување на сметот и незагрозувањето на животната средина“, соопшти Општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП