
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Од Авто-мото сојузот на Македонија соопштија дека на Попова Шапка се бележат врнежи од снег што не се задржуваат на коловозот.


Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Од Авто-мото сојузот на Македонија соопштија дека на Попова Шапка се бележат врнежи од снег што не се задржуваат на коловозот.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
На патниот правец А2 Стругa-Ќафасан, од бензинската пумпа КМР до Добра Вода-с. Франгово (во должина од 3 км), се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км на час.