7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBlockchain технологијата од корен го менува глобалниот финансиски пазар

Blockchain технологијата од корен го менува глобалниот финансиски пазар

„ICT“ технологијата веќе со години претставува главен двигател на развојот на глобалната економија.

Работите се одвиваат со неверојатна брзина и процес кој во некои други индустрии би траело со децении, а во „IT“ се заврши за година-две, дури и побрзо од тоа. Неблагодарно е да се занимаваме со прогнози, но луѓето неминово размислуваат за тоа што ќе се случи. Затоа ќе ризикуваме и ќе се обидеме да ги согледаме најинтересните „IT“ трендови кои ќе го променат светот во текот на оваа и следната година. Со надеж дека реалноста ќе не изненади со целосно неочекувани пресврти…

Криптовалутите и “blockchain” технологијата

„Хистеријата“ наречена „Bitcoin“ ќе продолжи и во текот на оваа година. Сега не се само „Bitcoin“ и неколку други познати криптовалути се во игра, туку поголем простор добиваат бројни нивни алтернативи (altcoin‑i). Тоа е показател за развој на овој пазар, но во исто време претставува и „меч со две острици“. Пред само неколку месеци имаше само 850 криптовалути, а во моментов на пишување на овој текст има преку 1.500. Вкупната пазарна вредност на сите криптовалути изнесува околу 435 милијарди долари, а скоро 40 проценти од тоа е во „Bitcoin“.

Во така голема понуда, кога на дневно ниво се појавуваат десетина нови и слични криптовалути, останува многу простор за мешање. Некои од тие нови криптовалути имаат пазарен удел од само неколку десетина или стотина илјади долари и некој кој сака лесно и брзо да заработи може да го поремети пазарот со купување или продажба на голем процент од вкупниот број на „коини“ од одредена криптовалута.

Големиот интерес за криптовалутите во исто време значи и дека тие се повеќе ќе се наоѓаат на мета на хакери. Очекуваме во иднина нападите врз нив да бидат се почести. За разлика од класичните напади на банки, секој напад на криптовалута ќе ја направи уште по „еластична“ и посилна чим сме имале можност да ја видиме.

По секој досегашен „напад“ на одредени криптовалути (од било каков вид), нивната вредност само повремено бележи пад, по што многу брзо ја достигнува својата стара вредност или ја надминува. Тоа е затоа што, за разлика од обичните пари, безбедносните алгоритми поврзани со криптовалутите може да се поправуваат практично во реално време, правејќи ги помалку ранливи и отпорни на идни напади.

Колку и да е голема фасцинацијата на луѓето во криптовалутите (поточно речено, можноста за брза заработка), сметаме дека тие нема да го направат најголемиот продор во 2018-та. Најголемиот „бум“ ќе го доживе „blockchain“ технологијата, која е основа на сите криповалути. Низ системот за енкрипција и дистрибуција на податоци, „blockchain“ технологијата овозможува далеку поголем степен за заштита и безбедност на податоци, отколку кога тие би се чувале изолирано. И тоа е што ја прави револуционерна. Оваа технолгија има потенцијал од корен да го промени начинот на „online“ интеракција, започнувајќи од „online“ трансакциите, преку дигиталниот идентитет и здравствените и осигурителните податоци, па се до синџирите за набавка. Дека ова не е само наше предвидување, говори и заклуокот од Светскиот еконмски форум во Давос, одржан во текот на јануари оваа година.

Иако најголемите светски финансиски компании се уште се во дилема дали да ги игнорираат криптовалутите и „blockchain“ технологијата или да ги прифатат и инвестираат во нив, на Форумот беше истакнато мислење дека до 2027-ма година околку десет проценти од сите парични трансакции во светот ќе се реализираат преку „blockchain“. Тоа полека почнува да се остварува. Иако централните банки денес во најголема мера ги негираат криптовалутите како легитимно средство за плаќање, истовремено посочуваат во значењето на „blockchain“ технологијата. „Blockchain“ е заснован на платни системи кои веќе постојат и се користат, главно за меѓубанкарски трансакции.

Затоа со голема сигурност можеме да кажеме дека „blockchain“ технологијата од корен ќе го промени глобалниот финансиски пазар. Веќе денес таа има значително влијание затоа што во целост носи целосно ново ниво на ефикасност и транспарентност, поврзана со безбедноста на трансакциите. А дека оваа технолгија и натаму ќе се развива и дека со нејзиното поле на примена ќе се проширува, говори и фактот дека досега се пријавени повеќе од 2.500 патенти кои се поврзани со неа.

Некои од големите компании, како што е „IBM“, верува дека оваа година ќе биде важна за „blockchain“ технологијата, затоа што се очекува и (американската) држава и јавниот сектор да започнат да ја применуваат. Веќе сега оваа технологија е во фаза на тестирање во примена на системот за гласање, а се планираат и мегапроекти како што е единствено идентификување на секоја личност на планетата на основа на низа параметри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП