5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Како се промени животот на Русите за време на...

График на денот: Како се промени животот на Русите за време на владеењето на Путин

Владимир Путин доминира во руската политика како нејзин неоспорен лидер речиси две децении. Во последователните мандати како претседател и премиер тој помина низ „бум“ во економијата, воената инвазија и обновувањето на статусот на Русија како голема сила.

Стандардот на живеење на повеќето Руси се подобри и се појави ново чувство за стабилност и национална гордост. Но, според многумина, тоа беше по цена на поткопување на младата демократија во Русија.

ВВС“ илустрира со графикони како животот на обичните Руси се променил за време на владеењето на Путин.

1. Има помалку сиромашни луѓе

Стапката на сиромаштија е значително пониска, отколку порано, но Русија се уште е над просекот за многу од најголемите светски економии.

2. Последните плати се непроменети

Во првиот претседателски мандат на Путин, платите пораснаа за повеќе од 10 проценти годишно. По неговото враќање на претседателското место во 2012-та година, постигнувањето на значителен пораст се покажа како потежок, а причина за тоа се серијата кризи и економските санкции.

Помеѓу 2011-та и 2014-та година, расположливиот доход порасна за 11%, а за време на Путин, потрошувачката економија во Русија значително се зголеми.

3. Повеќето луѓе имаат автомобил и има повеќе микробранови печки, од домаќинства

Долгата љубов на Русија со „Лада“ продолжува, па автомобилите од овој бренд се 311.588 од продадените 1.595.737 нови автомобили во 2017-та година. Сопствениците на автомобили во Русија се на нивото на земјите од поранешниот источен блок Полска и Унгарија, но се далеку зад соседна Финска, која има 76 автомобили на 100 домаќинства, според Европската асоцијација на производители на автомобили.

4. Русите се заљубени во „Икеа“

Првата продавница во Русија беше отворена во 2000-та година во трговскиот центар „МЕГА“ во Химки, во близина на Москва. Таа веднаш стана една од десетте најпрофитабилни продавници на „Икеа“ во светот. До 2015-та година, земјата стана вториот најбрзо растечки пазар за шведскиот бренд во светот. Компанијата сега има 14 продавници во земјата од Санкт Петербург до Новосибирск, од кои три се наоѓаат околу Москва.

5. И во шампањското…

Постојат некои расправии околу тоа колку Русите пијат. Официјалните бројки покажуваат пад, но не и за 80 отсто, како што рече министерот за здравство. Намалувањето на популарноста на вотката делумно се должи на проширувањето на „западните“ пива и винската култура. Претходно, пивото се сметало за речиси безалкохолен пијалак во Русија, а некои олигарси веќе отвориле свои винарски визби.

6. Како и во другите земји, Интернетот стана исклучително популарен

Рускиот интернет има сопствени гиганти – водечката социјална мрежа е „VK“ (VKontakte) со околу 90 милиони потрошувачи во однос на 20 милиони корисници на „Facebook“, покажуваат податоците на Светска банка.

Алатката за пребарување „Yandex“ е рангирана на второ место, а рускиот јазик и алгоритми и даваат предност пред „Google“.

7. Но циркусот се намалува

Со повеќе од 60 постојани арени низ цела Русија, циркусите, како што е Московскиот државен циркус се национални институции. Но, тие се соочуваат со сериозна конкуренција и заминувањето на уметниците кон западните конкуренти, како што е „Cirque de Soleil“.

Од 2010-та година, интересот за циркуски настапи се намали за дури 60%. Не постои фактор кој го објаснува падот – променливите вкусови, конкурентната забава и растот на интернетот може да имаат улога.

8. И државните библиотеки

Како и во повеќето земји, скромните библиотеки се намалуваат, бидејќи пристапот до Интернет се зголемува многу.

9. Населението на Русија повторно расте

Една од најголемите цели на Путин е да престане драстичното намалување на населението, што започна кон крајот на комунистичкиот поредок во 1991-ва година. Пред да се кандидира повторно за претседател во 2012-та година, Путин вети дека ќе одвои 53 милијарди долари за зголемување на наталитетот.

Можеби тоа е случајност, но во 2012-та година стапката на наталитет во Русија го надмина морталитетот за прв пат по 21 година. Стапките на раѓање се највисоки во кавкаските републики како Чеченија и Дагестан, а најпопуларните имиња на бебиња во Москва се Александар и Софија.

10. Воените трошоци на Путин се зголемуваат повеќе од кога било

Силната армија отсекогаш била клучен дел од националниот идентитет на Русија, но Советскиот Сојуз практично банкротира во напорите да ги достигне САД за време на Студената војна.

Колапсот на СССР ги остава вооружените сили без средства, бидејќи буџетите се намалуваат. Опремата и борбената опрема се застарени. На почетокот на неговиот мандат, Путин рече дека има намера да ја обнови Русија како модерна воена сила. Воените трошоци како процент од БДП-то речиси двојно се зголемија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП