21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВикендот во Скопје 30 сообраќајки, четворица со тешки и 20 полесни повреди

Викендот во Скопје 30 сообраќајки, четворица со тешки и 20 полесни повреди

Во текот на изминатиoт викенд, на подрачјето на Скопје се случиле 30 сообраќајни незгоди од кои четири со тешки телесни повреди, 15 со телесни повреди и 11 со материјална штета. При сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со тешки телесни повреди а 20 лица со лесни телесни повреди.

Санкционирани се 91 возач бидејќи се движеле со брзина поголема од дозволената. Исто така, 14 возачи се санкциониран бидејќи поминале крстосница на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци, шестмина возачи неправилно се престреоиле а еден – неправилно престигнувал. Истовремено, 68 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи: 60 управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, шестмина биле возачи почетници а дванаесетмина управувале возила под дејство на алкохол.

Исто така, од сообраќај се исклучени 42 возила: од нив – 40 возила биле нерегистрирани, едно возило е исклучено поради претовар, а едно возило било технички неисправно. Во однос на пешаците четворица пешаци се санкционирани бидејќи поминале коловоз надвор од пешачки премин додека петмина поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 285 мандатни платни налози, додека 153 возила се подигнати со “Пајак”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП