6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија ги руши прогнозите, допрва ќе расте

Австрија ги руши прогнозите, допрва ќе расте

Економијата на Австрија ќе ја задржи високата динамика и ќе расте оваа година посилно отколку што беше прогнозирано.

Економскиот институт Wifo прогнозира 3,2 проценти, а IHS 2,8 проценти реален раст.

Побрзиот и посилен раст ќе придонесе за понатамошно намалување на невработеноста, а поголемо намалување се прогнозира за наредната година.

Откако невработеноста минатата година се намалила на 8,5 проценти, оваа година би требало да падне на 7,7 проценти, а во 2019 на 7,3 проценти.

Растот на австриската економија ќе го поттикнат пред се побарувачката во странство, инвестициите и потрошувачката на приватните домаќинства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП