25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА15-ти месец по ред расте јапонскиот извоз

15-ти месец по ред расте јапонскиот извоз

Трговскиот биланс на Јапонија се врати во суфицит во февруари, а силна побарувачката во светски рамки помогна за растот на извозот веќе 15-ти месец по ред, иако празниците околу Кинеската нова година доведоа до пад на продажбата во оваа земја, соопштува „Bloomberg“.

Извозот се зголеми за 1,8% во февруари на годишна основа, што е над проектираниот раст од 1,4%. Увозот забележа раст од 16,5% при прогноза од 16% (воден од увозот на облека од Кина и зголемувањето на трошоците за сурова нафта и течен природен гас).

Трговскиот суфицит во „земјата на изгрејсонцето“ достигна 3,4 милијарди јени, што е далеку над очекувањата на пазарот за дефицит од 99,6 милијарди јени.

Постојаниот раст на извозот укажува на тоа дека глобалното закрепнување останува важен фактор во јапонската економија. Силниот јен, сепак, создава одредени ризици, со што извозот на земјата е понеконкурентен, а во исто време тежи на инфлацијата, што резултира со пониски увозни цени.

Можноста да експлодира трговска војна поради желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини за увоз на челик и алуминиум, пак, е уште еден потенцијален извор на ризик за Јапонија.

„Јапонската економија се радува од закрепнувањето на извозот и тоа според мене ќе продолжи и во текот на оваа година“, коментира Масаки Кувахара, виш економист во „Nomura Securities“.

Извозот во Кина, најголемиот трговски партнер во Јапонија, падна за 9,7 отсто во февруари во споредба со претходниот. Сепак, испораките во САД пораснаа за 4,3% (главно благодарение на хибридните автомобили) и оние во Европската унија за 11,5%. Трговскиот суфицит со САД забележа зголемување од 3,4% на годишна основа, во февруари, како за прв пат од пред три месеци наваму се забележува раст и тоа во момент кога Трамп одржува трговска политика под мотото „Америка на прво место“.

Испораките во Азија, кои сочинуваат повеќе од половина од извозот на Јапонија, се намалија за 3,2 отсто за период од една година во февруари.

Аналитичарите очекуваат силна глобална побарувачка за полупроводници и електроника за поддршка на проширување на извозот, пишува „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП