26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Блумберг“: Нема Европејци меѓу петмината најбогати луѓе во светот

„Блумберг“: Нема Европејци меѓу петмината најбогати луѓе во светот

Меѓу петте најбогати луѓе во светот веќе нема милијардери од Европа, соопшти агенцијата „Блумберг“.

Претставниците на Стариот континент испаднале од првата петорка, бидејќи францускиот магнат Бернард Арнолт падна на седмото место според најновиот индекс на милијардери изработен од агенцијата „Блумберг“ во Њујорк.

На прво место на листата на најбогати луѓе е позициониран сопственикот на онлајн продавницата „Амазон“, Џеф Безос, втор е сопственикот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, а трето место му припаѓа на американскиот инвеститор, Ворен Бафет.

На четврто место е основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, а на петтата позиција е телескомуникацискиот магнат, Карлос Слим. Индексот на милијардери е најновиот индикатор во однос на промените во прераспределбата на светското богатство.

Имено, поголем дел од богатство е концентриран во Азија и САД. Американците на листата поседуваат 40 проценти од богатството, 25 проценти им припаѓаат на луѓе од Азија, по што следуваат Европејците со 21 отсто. Инаку, седуммина од десетте најбогати луѓе се Американци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП