26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi се откажува од R8

Audi се откажува од R8

Германскиот производител на автомобили „Audi“ нема да ја развие третата генерација на спортскиот модел „R8“.

Информацијата беше потврдена од Петер Мертенс, техничкиот директор на компанијата, во интервјуто за „Car and Driver“. Според Мертенс, се уште е рано да се заборави на „R8“, бидејќи автомобилот има иднина на пазарот уште неколку години. И покрај одлуката на брендот од Инголштад, техничкиот директор не ја исклучува можноста за промена на оваа одлука.

Причината не е јасна, но се претпоставува дека се помалата побарувачка за моделот игра голема улога во овој потег. Податоците, изготвени од „Carsalesbase“, покажуваат дека во 2011-та година во САД се реализирани 1.145 продажби на „R8“, додека минатата година тие беа само 772 примероци. Пад е забележан и на европскиот пазар, каде во 2008-ма година се продадени вкупно 2.935 автомобили, а во 2017-та бројката изнесува 1.366 возила.

Не е исклучена можноста за понатамошен развој поради посилните мерки за заштита на животната средина, што пак би значело дека „Audi“ ќе ги фокусира своите напори за создавање на нови „plug-in“ хибриди и електрични возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП