24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Најголем раст на фабричкото производство од октомври

САД: Најголем раст на фабричкото производство од октомври

Фабричкото производство во САД порасна во февруари поради скокот на производството на автомобили, компјутери и мебел, наведува американската Управа на федерални резерви (ФЕД)

Фабричкото производство порасна за 1,2 проценти минатиот месец, што е најголем раст од октомври и напредок во однос на трите месеци во кои резултатите беа слаби или негативни, се наведува во соопштението на ФЕД, пренесува АП.

Како што се оценува, производителите имаат корист од силната побарувачка на граѓаните и претпријатијата, како и од солидниот раст на потрошувачката во странство.

Целокупното индустриско производство, кое ги опфаќа и рударството и комуналните дејности, порасна за 1,1 проценти во февруари, по падот од 0,3 проценти од претходниот месец.

Производството на автомобили скокна за 3,9 проценти по јануарскиот пад од 0,2 проценти, на мебелот за 1,9 проценти, а на компјутерите за 1,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП