21 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Секјуриком“: Ниту еднаш не сме ја злоупотребиле позицијата

„Секјуриком“: Ниту еднаш не сме ја злоупотребиле позицијата

Групацијата „Секјуриком“ ги оцени како неосновани информациите дека влијаеле врз некој тендер или злоупотребиле кака било положба за да стекнат противправна имотна корист.

„Сите договори со клиентите и добиени тендери од државни институции се законски добиени, согласно со законските прописи. Сите наши договори биле јавно достапни. Важно да се напомене е дека сумата што се споменува во јавноста е за период од 3 години, и од неа биле исплаќани плати и придонеси за 500 лица кои работеле за потребите на службата“, велат од „Секјуриком“

Додаваат дека групацијата  претставува лидер во своето работење веќе 18 години и како компанија, која е странска инвестиција, својата професионалност во работењето ја покажале низ годините за што како потврда го наведуваат долгогодишното постоење.

„’Секјуриком’  директно влијае врз македонската економија вработувајќи повеќе од 1400 лица. Максимално сме посветени за своите клиенти, правни и физички лица, како и државни институции и постојано работиме на зголемување на услугите што ги нудиме овозможувајќи сигурност, безбедност и комфорт кај секој од нив со нашето работење. Исто така низ годините во повеќе наврати сме покажале дека ‘Секјуроком’ е општествено одговорна компанија која инвестира постојано во заедницата“, стои во реакцијата на групацијата.

Велат дека нивната работа е транспарентна и сите договори биле јавно достапни и секогаш биле отворени за комуникација за секое прашање и информација.

Попладнево судија на претходна постапка ги прифати предлозите на Јавното обвинителство за определување мерка притвор за ексдиректорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски, и определување мерки на претпазливост за сопственикот и управител на „Секјуриком“. Се товарат за местење незаконски тендери за чистење и одржување, со што фирмата стекнала противправна имотна корист од над 11 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП